Адвокатска канцеларија лазаревиќ

Мисија

Адвокатската канцеларија Лазаревиќ обезбедува стручна правна помош, правни консултации и застапување при остварувањето и заштитата на Вашите права.


При работењето се водиме од принципи на стручност, искреност, ефикасност и екомичност, штитејќи го достоинството и личните податоци на клиентите.


Искреноста е наша одлика, начин на кој отворено и искрено ги споделуваме своите правни ставови во врска со можноста за остварување на правата на странката. Услугите се вршат почитувајќи ги пропишаните или договорените рокови без непотребно одолговлекување на постапките, а нашите странки имаат увид во секое време во нивните предмети и кои дејствија се преземени. Пред склучување на секој договор, се трудиме да ја запознаеме странката со сите можни трошоци кои би настанале на начин што се прават достапни и сите релевантни тарифи и судски такси.

Области

Адвокатската канцеларија нуди правни услуги на застапување и советување во следниве области:
Трговско право

Регистрација на фирми и упис на промени во Централен Регистар, состав на акти од работењето на фирмата, постапки за наплата на долгови и сл.

Работни односи

Постапки од работни спорови, вознемирување на работно место, состав на договори и правилници и сл.

Облигационо право

Договорни спорови, постапки за надомест на материјална и нематеријална штета, стекнување без основ и сл.

Интелектуална сопственост

Пријави за заштита на право од индустриска сопственост, состав на договори за лиценцирање и авторско право, постапки за заштита на правото на интелектуална сопственост

  • Заштита на човекови права (пред Уставен суд и Европски суд за човекови права)
  • Управни спорови (постапки со органи и институции)
  • Наследно право (оставински постапки)

За канцеларијата

Адвокатската канцеларија Лазаревиќ започна со работа на 05.05.2015 година (претходно под името Јакимовска). Основана е од адвокат Маја Лазаревиќ која дипломираше на Правниот факултет Јустинијан Први во 2009 година кога се стекна со називот дипломиран правник- Bachelor of Laws (LLB), Law, а магистрираше на истиот факултет- насока деловно право во 2011 година кога се стекна со називот магистер по право од областа на деловното право - Master of Laws (LLM), Commercial Law. Правосудниот испит го положи во 2013 година.


Адвокатот е овластен регистрационен агент во Централниот Регистар на РСМ и овластен застапник за индустриска сопственост регистрирана во Државниот завод за индустриска сопственост на РСМ.


Адвокатската канцеларија е запишана е во регистарот за бесплатна правна помош, доближувајќи ги до правото бесплатно, категориите на граѓани кои не можат да си ја дозволат правдата.


Повеќе за професионалниот ангажман на следниот линк.

Бесплатна правна помош

Право на бесплатна правна помош имаат лицата кои со оглед на својата материјална положба, не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство (подетално за категориите на лица во Законот за бесплатна правна помош, преземи тука)

Контакт

Адвокатската канцеларија Лазаревиќ се наоѓа во строг центар на градот каде е скоро невозможно да се најде слободно паркинг место. Ве молиме користете алтернативни превозни средства при посета на канцеларијата.

Your message has been sent successfully.

E-mail must be valid and message must be longer than 1 character.